НОВОСТИ

за нас

Нашата компанија Бал-Комерц е основана во сега далечната 1993та година. Како основачи се јавуваат Луиза Велковска и Благоја Велковски, кој воедно е и управител на Бал-Комерц од самото основање. За нашата компанија можеме да кажеме дека својот развој си го остварува со сигурни чекори, па така од компанија со едно превозно средство, сега нашата компанија располага со 25 влекачи, 25 полуприколки како и соло камионски возила, комбиња и пикапи. Мораме да напомене дека нашите возила се сообраќаат на релации кон западна Европа и Скандинавија, па затоа и обновувањето и редовното одржување на нашиот возен парк е нешто за кое се води посебна грижа.

Сега во моментов во Бал-Комерц имаме вкупно 32 вработени, во кои се вклучени професионално сертифицирани возачи, искусни сообраќајни диспоненти кои се грижат за постојаниот развој и напредок на нашата компанија. Исто така е многу важно да напоменеме дека нашите возила се опремени со ГПС уреди кои им овозможуваат на нашите клиенти безбедност и точна информација во врска со позицијата на нивната роба.

Наша цел е понатамошен раст и развој на нашата компанија, попатно совладувајќи ги сите попатни пречки кои се појавуваат. Деловното работење на нашата фирма ќе продолжи на ист начин – работејќи со постојаните деловни партнери како во Македонија, така и на просторите на цела Европа, кои во нас гледаат како стабилна компанија за организирање на транспорт на нивната роба.

Во моментов, нашата компанија е главно ориентирана кон извоз и увоз на роба од Западна Европа и Скандинавија, како во однос на товар за комплетни возила така и со помали збирни пратки и групажи. Знаејќи колку е важно за клиентот да добие брза и квалитетна услуга, можеме нескромно да се пофалиме како компанија која може да обезбеди најдобро транзитно време за робата на нашите клиент. Со нашите канцеларии во деловната зграда на ЈЦС Синтек се заокружува нашата компактност и експедитивност за манипулација и транзит со робата на нашите клиенти, а се со цел да бидеме во можност да понудиме комплетна услуга кон нашите клиенти, партнерски работиме со царинскиот магацин ЈЦС Синтек, кој се користи како логистички центар за робата на нашите клиенти. Во него драгоцената робата на нашите клиенти е безбедна и процесирана по највисоки стандарди. За магацинските простории може слободно да се каже дека се едени од ретките кој ги исполнува сите Европски стандарди за објекти од овој тип.