НОВОСТИ

услуги


 

- Меѓународен транспорт

Нашата компанија се занимава со камионски транспорт на роба. Поседуваме сопствени возила.

Воглавно сме специјализирани за транспорт на комплетни и делимични-збирни пратки и групаж од Скандинавија и Западна Европа до Македонија, Албанија и Косово, како и извоз од Македонија, Албанија и Косово за Скандинавија и Западна Европа. За овие потреби имаме и царински магацин во Скопје кој игра клучна улога во нашата логистика. Тука може да се вклучат и редовните неделни линии од Македонија за Албанија и Косово.

Сите возила се опремени со АДР сертификати и соодветна опрема за обезбедување на робата, како и сите потребни помагала за непречено и безбедно реализирање на транспортот на робата, независно дали таа е палетизирана или непалетизирана.

За вашата роба можеме да Ви обезбедиме најдобро транзитно време бидејќи во повеќето возила имаме двајца возачи.

Доколку имате пратка, контактирајте не да добиете наша понуда.

- Локалаен транспорт

Во можноист сме да понудиме и локален транспорт како за пратки кои по магацинско рацаринување треба да се достават до нашите клиенти, така и за превоз на роба низ Македонија. Можеме да обезбедиме и комплетна услуга на принципот “од врата до врата”, со завршување на сите царински постапки доколку е тоа барање на нашите клиенти.

Важна улога во ова имаат нашите соло возила со хидраулична рампа за истовар – погодна за истовар во урбанизирани места каде нема прифат за камионски рампи или вилушкари.

- Осигурување

Еден од главните услови за успешна работа е намалување на ризикот. Ова го правиме со осигурувањето на робата. Нашата компанија има ЦМР осигурување на роба товарена во нашите возила во висина на вредност од ЕУР 200.000,-. Со ова нашите клиенти можат да бидат сигурни дека нивната драгоцена роба се наоѓа во безбедни раце. По барање во можност сме да обезбедиме и осигурување на многу поскапа роба.